За Нас

За Нас

ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас- Скопје е врвна здравствена установа која систематски ги следи и проучува состојбите од областа на патологијата во вербалната комуникација, испитува методи и применува мерки за рано откривање и рехабилитација на лица со нарушувања во вербалната комуникација. ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас-Скопје е со седиште на улица ”Белградска” бр. 15 под падините на Водно во исклучително мирен дел на градот. Располага со сопствен објект со придружна инфраструктура и добар пристап кон објектот. Како Јавна здравствена установа која пружа услуги на ниво на секундарна здравствена заштита има домен на дејствување на територија на Република Северна Македонија. Дејноста која ја врши иституцијата е Логопедска/ сурдоаудиолошка превентива, дијагностика, третман и протетика, односно рехабилитација на лица со нарушувања во слухот, говорот и гласот. Организирање на соодветна дејност и работа со семејства на лицата со растројства во слухот, говорот и гласот.

КАКО ДА ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН КАЈ НАС (процедура за амбуланти) – Се што треба да направите за да дојдете до термин за нашата установа е да отидете кај вашиот матичен лекар. Тој треба ќе ви закаже, преку Мој термин, датум и време за преглед кај некои од логопедите во нашата институција. На дадениот термин, со точен ден и час, ќе дојдете во нашата институција и ќе биде извршен комплетен дијагностички преглед. По прегледот ќе бидете распоредени кај соодветен логопед и во договор со логопедот започнувате со рехабилитација.

Структура и Организација

Структура и Организација

Организациска поставеност

Вашиот текст тука.

Одделение за сурдоаудиологија

Одделението за сурдоаудиологија врши превентива, дијагностика и рехабилитација на лица со различен вид и степен на слушна редукција и говорни пореметувања.

Одделение за логопедијаt

Во Одделението за логопедија се врши превентива, дијагностика и рехабилитација на лица со сите патолошки состојби во вербалната комуникација.

Одделение за болничко сместување

Во одделението за болничко сместување престојуваат лица кои се на логопедски/сурдоаудиолошки рехабилитациски третман во Заводот за кои е потребно болничко сместување

Комисија

Во наш склоп функционираат:
- Првостепена комисија за оцена на видот и степенот на попреченост на лице со пречки во гласот, говорот и јазикот;
- Првостепена комисија за оцена на видот и степенот на попреченоста на лице со оштетен слух.

Галерија

Галерија

Завршна Сметка за 2020 Година

Превземи ги документите

Контакт

Контакт
Локација

ул. Белградска бр.15 1000 Скопје

E-Пошта

kontakt@jzusluhgovorglas.mk

Телефон

+389 2 3239 226