Вредности на ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас

Вредностите по кои се раководат вработените во нашата установа ќе имаат приоритет во обезбедувањето на здравствена заштита. Во фокусот на нашите активности е пациентот, обезбедувањето на здравствена заштита не е само просто собирање на стандардизирани услуги, но и почитување на индивидуалните потреби на секој пациент се базирана на:


  • 1. Заштита на интересите на пациентот преку постигнување на висок квалитет во на здравствената заштита со очекување на најдобар можен исход и оптимална безбедност на пациентите;

  • 2. Правичност и хуманост во обезбедувањето на здравствената заштита се постигнува со забрана на дискриминација при обезбедување на здравствена заштита врз основа на раса, пол, возраст, национална припадност, социјално потекло, вероисповед, политичко или друго убедување, економскиот статус, културата, јазикот. Почитување на личноста на човекот како хумано суштество, почитување на личното самоопределување, почитување на приватноста на личноста, хумани (човечки) релации меѓу пациентот, здравствениот работник и здравствениот соработник, засновани врз етичките и деонтолошките принципи;

  • 3. Достапност, рационалност, ефикаснот и ефективност на пружање на здравствената заштита преку постигнување на најдобри можни резултати во однос на расположливата опрема, простор, стручен кадар, работната организација и постоечките финансиски ресурси.

  • 4. Континуирано подобрување на квалитетот преку реализираните на мерки и активности кои се во согласност со современите достигнувања на медицинската наука и пракса зголемување на можноста за поволен исход и намалување на ризикот од други несакани ефекти врз здравјето и здравствената состојба на поединецот и на заедницата во целина;

  • 5. Тимска работа која се рефлектира во функционирањето на нашата институцијата како целина, во кој секој вработен е вреднуван како непроценлив капитал на човечките ресурси со постојана унапредување на знаењата и вештините со континуирана медицинска едукација и професионален развој.