Мисија

Мисија

ЈЗУ Завод за рехабилитација на слух, говор и глас - Скопје е носител на здравствена заштита од секундарно ниво која обезбедува достапна, рационална, ефикасна и ефективна здравствената заштита, посветени на обезбедување на постојан напредок во превенцијата, навремената дијагностика и третман на сите патолошки состојби во вербалната комуникација.


Со тимска работа и максимално искористување на расположливите ресурси, со постојано унапредување на квалитетот на работата обезбедуваме здравствени услуги за пациентите на највисоко ниво. Во Заводот се промовира едукација и истражувања како основа за стручна грижа на пациентите.


Со примена на современата медицинска технологија, имплементација на планираните активности кои се усогласени со националната здравствена политиката и примена на искуствата на здравствените професионалци, во согласност со стандардите за безбедна здравствена заштита и заштита на животната средина настојуваме бидеме основа на здравствената заштита за ситепатолошки состојби во вербалната комуникација.