Визија

Визија

Стручниот тим на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас ќе обезбеди здраствена услуга на нависоко ниво во поглед на третман, нега и грижа за секој пациент со сите патолошки состојби во вербалната комуникација и ќе биде препознаен како регионален лидер во пружење на медицински услуги и специфичен третман за секоја состојба во вербалната комуникација. Наша цел е корисниците на здравствените услуги да се чувствувааат сигурно и да имаат доверба во стручните тимови кои се секогаш на располагање и кои се грижат за пациентите со патологија во вербалната комуникација Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас - Скопје систематски ги следи и проучува состојбите во областа на патологијата на вербалната комуникација, испитува методи и применува мерки за рано отктивање, превенција, дијагностика и рехабилитација, предлага и спроведува мерки за унапредување на здраствената заштита во областа на патологија во вербална комуникација, укажува стручно-методолошка помош, учествува во изградба и спроведување на струшно медицински докторинарни ставови и спроведува струшно усоврчување на здраствените работници и соработници и се стреми кон достигнување на европските стандарди во обезбедување на здравствената заштита во сите сфери на работењето на установата.